ФОТО | Бритни Спирс повторно со загадочна објава — дали пејачката наскоро ќе стане баба?
Бритни Спирс предизвика лавина реакции на интернет со својата последна објава на социјалните мрежи, која многумина ја протолкуваа како можна најава за нов член во семејството. Поп-ѕвездата на 16 јули на својот профил објави фотографија од бебешка облека, а во следната објава сподели и фотографија од себе и еден од своите синови. Во серијата фотографии се најдоа и слика од уметничко дело, како и видео во кое таа танцува, а целата објава испраќаше позитивна порака.
Препорачано
View this post on Instagram
„Ако имате среќа, имам некој неверојатно убав со кого сакам да ве запознаам… се надевам оваа година. А ако не, најубавите нешта никогаш нема да бидат видени“, напиша Спирс во објавата, која дополнително ги поттикна шпекулациите.
Иако пејачката не објасни на кого точно се однесуваат нејзините зборови, многу обожаватели на социјалните мрежи почнаа да се прашуваат дали станува збор за можна бременост во семејството и дали Бритни наскоро би можела да ја добие улогата на баба.
Дел од следбениците сметаат дека објавата е можна најава за принова, додека други се сомневаат дека можеби некој од нејзините блиски очекува дете. Дополнителни шпекулации предизвика и фактот дека некои забележале дека пејачката во последно време патува со седиште за бебе во автомобилот.
Сепак, Бритни Спирс или некој од нејзиното семејство досега немаат дадено официјална потврда дека се очекува бебе.
Односот на Бритни со синовите низ годините минуваше низ различни фази, но во последниот период се забележува подобрување. Тие повторно поминуваат повеќе време заедно, а пејачката повремено споделува заеднички моменти со нив.
Дополнително внимание привлече и фактот дека нејзиниот постар син Шон Престон неодамна на својот профил почнал да го користи презимето Спирс наместо Федерлајн. Иако нема официјална промена на презимето, многумина тоа го протолкуваа како знак на нивното повторно зближување.
Најновите гласини дополнително ги засили и фактот што само еден ден пред загадочната објава, Бритни ја претстави девојката на еден од своите синови, нарекувајќи ја „прекрасна“.
Сепак, јавноста и претходно била сведок на нејзини необични објави кои подоцна се покажале како шеги или погрешно протолкувани пораки. Затоа, засега останува само да се почека официјална потврда од пејачката или нејзиното семејство.


