Максвел и Епстајн/ Фото Youtube screenshot

ФОТО | Британија „на нозе“ поради досиејата на Епстајн: Во нив се споменуваат кралицата Елизабета, Адел, Бекам, Џегер …

Во досиејата на Епстајн е наведена низа британски познати личности, вклучувајќи рок-ѕвезди, членови на кралското семејство и премиери.

Откриена е листа на познати имиња кои се појавуваат во досиеата на Џефри Епстајн. Од членови на кралското семејство, премиери, рок-ѕвезди, културни икони до политички говорници, листата содржи многу познати личности, пишува „Мирор“.

Ендрју Маунтбатен-Виндзор е можеби најчесто споменуваното британско име меѓу 23.000 документи поврзани со Џефри Епстајн, но има и многу други наведени.

Листата била предадена од имотот на Епстајн до Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД.

На неа се наоѓаат повеќе од 30 личности, меѓу кои  Дејвид Бекам, Наоми Кемпбел, Адел и Мик Џегер.

И додека меѓу Британците најчесто се споменува поранешниот принц, чие име се појавува неверојатни 173 пати, се тврди дека и други членови на кралското семејство се дел од обемната база на податоци.

Членовите на одборот нагласуваат дека споменувањето на нечие име во документите не укажува на какво било незаконско однесување, и дека имињата се појавуваат во различни контексти – од општи општествени контакти до специфични деловни разговори.

Повеќе личности зборувале за овие поврзувања и негирале какво било незаконско однесување. Поранешниот принц Ендрју повеќепати ги негирал обвиненијата против него. И манекенката Кемпбел негира дека знаела нешто за неговите криминални активности, наведувајќи дека го запознала преку заеднички пријатели.

Џефри Епстајн беше милијардер познат по дружбата со познати личности, политичари и академски фигури. Првично беше уапсен во Палм Бич, Флорида, во 2005 година откако беше обвинет дека платил на 14-годишно девојче за секс.

Десетици други малолетнички опишале слично сексуално злоупотребување, но обвинителите во 2008 година му дозволија да се изјасни за виновен по една обвинителна точка поврзана со една жртва. Отслужи 13 месеци пред да изврши самоубиство во затвор.

Кои британски јавни личности се наведени?

Меѓу познатите личности се споменуваат Ендрју Маунтбатен-Виндзор, Сара Фергусон, Кралица Камила, принцезата Дајана, Ричард Докинс, Тони Блер, Дејвид Камерон, Пирс Морган, Мик Џегер, Елтон Џон, Наоми Кемпбел и многу други … Но споменувањето на овие имиња не значи дека имале блиска врска со Епстајн или каква било поврзаност со неговите криминални дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот