ФОТО | Бијонсе облече креација на српска дизајнерка: Спектакуларен фустан кој одзема здив!
Српската модна дизајнерка Роксанда Илинчиќ е вистинска ѕвезда во светот на модата. Нејзините креации ги носат Лејди Гага, Џенифер Гарнер, Кејт Мидлтон, Пенелопе Круз, Меган Маркл, Мишел Обама, Кејт Бланшет, кралицата Ранија… На листата сега се приклучи и пејачката Бијонсе.
Препорачано
View this post on Instagram
Бијонсе во моментот е на турнеја наречена „Ренесанса“ и нејзиното појавување во Лондон го одзема здивот. Тоа се должи и на необичниот фустан потпишан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, кој е специјално изработен за музичката ѕвезда.
View this post on Instagram
Фустанот со неверојатно сина боја, доминира на сцената, буквално „лета“ околу пејачката, материјалите се испреплетуваат. Креацијата е надополнета со масивен ѓердан, а целиот настап бил исклучително емотивен и посветен на покојната рок легенда Тина Тарнер.
View this post on Instagram
ФОТО | Прва по седум години: Бијонсе најави спектакуларна светска турнеја


