ФОТО: Бијонсе носеше фустан на косовскиот дизајнер Валдрин Сахити на премиерата на „The Harder They Fall“
Поп-кралицата Бијонсе донесе дополнителна доза гламур и стил на црвениот тепих, онака како што тоа го прави и на сценските настапи – но овој пат облечена во фустан од нашето соседство.
Бијонсе се појави на премиерата на филмот „The Harder They Fall“ на Лондонскиот Филмски Фестивал, каде го придружуваше нејзиниот сопруг Џеј Зи кој е копродуцент на филмот.
На црвениот килим заблеска во црн кадифен корсет коктел фустан со доволно рискантно длабоко „V“ деколте во асиметрична остра линија.
View this post on Instagram
Интересен е податокот дека се работи за дизајн на косовскиот дизајнер Валдрин Сахити, а за изработката на фустанот биле потребни цели 10 дена.
„Да се облече икона не се работи само за фустанот, се работи за сјајот во нејзините очи додека ја носи вашата креација“, изјави Валдрин за „Popsugar“
View this post on Instagram
Фустанот е изработен од свила и кадифе, со ликра во внатрешноста на корсетот.
Спарен едноставно само со „Lorraine Schwartz“ дијамантски обетки, очила за сонце и кристализирана „Judith Leiber“ „клач“ чанта, а комплетиран со едноставни црни сандали, фустанот брилијантно ја обвиваше фигурата на поп-дивата во форма на песочен часовник, истакнувајќи ги добродефинираните линии на дизајнот на Сахити.
„Еве ја… Кралицата во нејзиниот омилен црн фустан“, напиша Валдрин Сахити на фотографија од Бијонсе на црвениот килим објавена на неговиот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Бијонсе пак, објави пар фотографии на својот инстаграм-профил, на кои на една од нив го прегрнува Џеј Зи во автомобилот додека пристигнуваат на премиерата.
View this post on Instagram
Главната улога на вестерн филмот „The Harder They Fall“ ја има Идриз Елба, а како копродуцент се јавува Џеј Зи. Музичарот иста така изведе и една песна за саундтракот заедно со Кид Кади.
View this post on Instagram