ФОТО | Без срам: Луѓе им влегуваат во полето со сончогледи и се сликаат голи

Фото: Pexels

Британска фарма, сместена на островот Хејлинг, ги замолува посетителите да престанат да се фотографираат голи на нивното поле со сончогледи, пишува „Си-ен-ен“.

Сопствениците на фармата „Стоук Фрут“, која се наоѓа во близина на јужниот брег на Англија, на социјалните мрежи објавија необично барање, откако забележале дека сѐ поголем број посетители  се соблекуваат голи, за да се фотографираат меѓу сончогледите.

 „Потсетување до сите. Ние сме семејна фарма и ве молиме бидете облечени во полето! Имаме зголемен број на пријави за фотографирање на голи луѓе и тоа не смее да се случува за време на нашите јавни настани, ве молиме!“, напишале сопствениците.

Сем Вилсон и неговата сестра Нет Петли, ја водат фармата што им ја оставил нивниот дедо. Распространета е на  350 хектари, каде произведуваат пченица, грашок, компири, тикви, слатка пченка, сено и сончоглед.

Фото: Pexels/ aleksandr burzinskij

Вилсон изјавил дека досега имало околу шест инциденти, на луѓе, кои се соблекле меѓу сончогледите за да се фотографираат, откако полето го отвориле за посетители на крајот на минатиот месец.

„Отсекогаш сме имале луѓе кои се фотографирале на ризични начини, но ова е прва година кога имаме проблем, поради што почнавме да ставаме знаци“, рекол тој.

 

Фото: Pexels/ lola russian

Тој рекол дека со неговиот тим одлучиле да стават знаци низ фармата, откако неколку деца биле сведоци што се случува.

Инаку, сончогледите ги засадил Вилсон со неговата тогашна свршеница зад црквата во која се венчале пред шест години. Но, растенијата не процветале навреме за нивната свадба.

Денес, посетителите се поканети да шетаат низ огромната површина од околу 50 хектари, која е покриена со два милиони сончогледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот