ФОТО | Барбара Палвин заврши во болница: Манекенката откри дека имала операција поради ендометриоза
Барбара Палвин ги загрижи своите следбеници на социјалните мрежи со сцени од болницата. Во долга објава, таа откри дека со години имала сериозни здравствени проблеми поврзани со менструацијата.
Препорачано
Унгарската манекенка и актерка, која е во брак со 33-годишниот актер Дилан Спраус, откри дека ѝ била дијагностицирана ендометриоза и морала да подлегне на операција.
„Здраво на сите, помина доста време! Со години се борам со тешкотиите што доаѓаат со менструацијата – замор, силна болка, обилно и нередовно крварење, бессони ноќи на подот од бањата. Мислев дека е нормално за мене“, започнала таа во објавата.
Откако лекарите ја упатиле кај специјалист за ендометриоза, таа била подложена на детални прегледи и три месеци подоцна заврши со операција.
„Одам на редовни гинеколошки прегледи секоја година и мислев дека ако имам ендометриоза, веќе ќе ја знам. Но, се покажа дека ендометриозата не може да се дијагностицира со општи прегледи. Три месеци подоцна, завршив со операција. По операцијата, конечно имав полесен менструален циклус и сега ја знам разликата“, признала манекенката.
View this post on Instagram
„Ако се сомневате дека можеби имате ендометриоза, ве охрабрувам да се прегледате. Ми помогна многу и сум благодарна што го направив тоа. Раната дијагноза и третман се многу важни за да се спречат долгорочни компликации, а сега сум посвесна за моето тело и подготвена брзо да реагирам доколку е потребно“, додала таа.
„Затоа ги искористив последните три месеци за да се одморам и целосно да се опоравам. Возбудена сум за ова ново поглавје во мојот живот и сега сум подготвена да се вратам на работа“, заклучила Барабара.
Ендометриозата е состојба во која ткивото расте надвор од матката, според клиниката Мајо. Често болната состојба може да ги зафати јајниците, јајцеводите и ткивото што ја обложува карлицата. Може да предизвика формирање на цисти и лузни во телото и може да доведе до проблеми со плодноста. Честопати, еден од првите симптоми на ендометриоза се болните менструации.
Ендометриозата зафаќа приближно 10 отсто од жените во репродуктивна возраст низ целиот свет, според Светската здравствена организација.


