Барбара Палвин на годинашната Модна недела во Париз / Фото: Profimedia

ФОТО | Барбара Палвин во долна облека на Модната недела во Париз: „Изгледаш како ѕвезда на филм за возрасни!“

Модната недела во Париз заврши вчера, а по десет дена возбудливи модни настани – некои убавици особено се истакнаа со своите изгледи на црвениот тепих. Една од нив е и унгарската манекенка Барбара Палвин, која исто како и Бјанка Ценсори ја прифати „голата мода“.

Бројни светски дизајнери ја прифатија голотијата како дел од модното изразување и промовираат „голи“ модели. Очигледно и Палвин го следи овој тренд, па така и се појави на неодамнешната ревија на „Баленсијага“ во Париз, каде беше претставена колекцијата есен/зима 2025/26. За оваа прилика, таа носеше халтери и чипкани чорапи, а нејзината долна облека беше прилично видлива. Палвин ја дополни комбинацијата со минималистичка чанта и голем капут, кој не успеа да сокрие ништо.

Барбара Палвин на Модната недела во Париз / Фото: Berzane Nasser/ABACA / Abaca Press / Profimedia

На некои обожаватели им се допадна овој изглед, но имаше многу кои ја критикуваа.

„Зошто сите се голи? Тоа не е ниту привлечно, ниту елегантно“, „Јас ја сакам, но не мора да носи сè што ѝ е кажано да го облече“, „Изгледа како ѕвезда на филм за возрасни“, „Сето тоа е убаво, но зошто мораше да ја покажеш својата долна облека, изгледаш како проститутка“, гласеа негативните коментари за ова модно прашање.

За потсетување, Барбара Палвин неодамна се појави на модното шоу на „Викторијас сикрет“ и е едно од омилените имиња во модниот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот