ФОТО | Астронаут ја украл маскотата на Месечината од „Артемис 2“
Светот со восхит гледаше како НАСА ги испраќа Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен на патување околу Месечината и назад – најдалечното патување што човештвото некогаш го направило во вселената. Но, една работа НАСА не забележа: астронаутот Вајсман тајно ја зел кадифената играчка – маскотата Рајс“, пишува британски „Телеграф“.
Препорачано
Рид Вајсман, командант на историската мисија „Артемис 2“ на Месечината, признал дека го прекршил протоколот на НАСА со тоа што тајно ја земал саканата маскота на екипажот, наместо да ја остави на вселенското летало како што било пропишано.
„Требаше да го оставам Рајс во Интегрити… но едноставно не можев да го направам тоа“, напишал астронаутот на социјалните медиуми во саботата.
Вајсман, кој е последниот член на екипажот што го напушти вселенското летало Интегрити, ја ставил играчката во водоотпорна торба од комплетот за преживување прицврстена за неговиот костум за притисок.
View this post on Instagram
Играчката Рајс – показател за бестежинска состојба осмислена од осумгодишниот Лукас Је од Калифорнија – е дизајнирана како месечина што носи капа во облик на Земјата, со ѕвезди на работ. Неговиот дизајн беше избран од 2.600 апликации постигнати на натпреварот за маскота на Месечината од повеќе од 50 земји.
View this post on Instagram
Во кадифената играчка е вметната СД-картичка со повеќе од пет милиони имиња испратени од луѓе од целиот свет што сакаат нивното име да оди во вселената. На страната од играчката е напишано и името „Кратер Керол“ – кратер на Месечината што екипажот го открил и го именувал во чест на покојната сопруга на Вајсман.
Рајс бил со екипажот на конференциите и промотивните турнеи пред патувањето, а во текот на преносот во живо можел да се види како лебди во вселенското летало. Но, неговата улога не била само морална поддршка. Рајс служел и како показател за бестежинската состојба – почнувал да лебди штом екипажот ќе влезе во вселената.
PS- it’s hard not to love this little guy. I cant let Rise out of my sight…currently tethered to my water bottle. pic.twitter.com/U8UZYUVQiy
— Reid Wiseman (@astro_reid) April 11, 2026
Екипажот се врати на Земјата по 10-дневно патување, а четворицата астронаути беа пречекани како нови херои на Америка. Додека излегувале во своите вселенски одела со громогласен аплауз, можело да се види како Вајсман во рака го носи Рајс, кој сега останува со Вајсман и неговите две ќерки, Ели и Кејти.
„Тешко е да не се засака ова. Не можам да го пуштам Рајс од видот“, признал Вајсман додавајќи дека играчката во моментот е прикачена за неговото шише за вода.
Во 1961 година, рускиот космонаут Јуриј Гагарин зел мала кукла на првиот лет на човештвото во вселената, додека во 1990 година Снупи летал со спејс-шатлот „Колумбија“ на НАСА.
Во 2023 година, куклата овца Шон исто така била испратена во вселената како дел од мисијата „Артемис 1“ на НАСА, која ја обиколи Месечината и се врати.


