ФОТО | Анка е Кери Бредшо: Која е Србинката која била инспирација за култната „Сексот и градот“?

Profimedia

Поминаа девет години од емитувањето на последната сезона на хит серијата „Сексот и градот“ (Sex and the City), но ова остварување и ден-денес е едно од најомилените на многумина, дури и кога се снимаше продолжението „И баш така…“ (And Just Like That…).

Меѓутоа, веруваме дека не сте знаеле дека за сценариото на култното остварување инспирација била една Србинка, која, всушност, била вистинската Кери Бредшо (која во серијата ја игра Сара Џесика Паркер).

Станува збор за Анка Радаковиќ, која е американска авторка и колумнистка, а која се опишала себеси како првата модерна колумнистка за секс. Пишувала преку својата колумна во списанието „Детали“ (Details), кое излегувало од 1990 до 1999 година.

Фото; Принтскрин/Инстаграм

Која била Анка Радаковиќ?

Анка, родена 1967 година, има српско потекло, како ќерка на корпоративен директор и поранешна оперска пејачка. Таа пораснала во Хагерстаун, Мериленд, каде што завршила средно училиште, а потоа се запишала на литература и ликовни уметности на Универзитетот Мериленд.

Анка живее во Њујорк, а инспирирана од нејзините колумни, Кендис Бушнел почнала да ја пишува колумната „Сексот и градот“. Останатото е историја на поп-културата, пренесува „Задоволна“.

Во 1985 година се преселила во Њујорк, каде набрзо станала позната благодарение на нејзината колумна во списанието „Детали“. Нејзиното пишување отворило ново поле во јавната дискусија за сексот и сексуалноста, а подоцна ја следеле други колумнисти како Кендис Бушнел и Ден Севиџ. Со храброст да го истражува непознатото, таа посетувала свингерски и геј клубови, ангажирала машка проститутка и отворено пишувала за своите искуства, храбро соочувајќи се со јавноста преку магазинот „Глоси“.

 

Се прославила како авторка на провокативни колумни

Анка, авторка на провокативни колумни, стекнала значаен број следбеници преку три книги, меѓу кои „Клубот на диви девојки“ (The Wild Girls Club) (1994), „Sexplorations“ (1997) и „Клубот на диви девојки, дел 2“ (The Wild Girls Club, Part 2) (2014). Во текот на 1990-тите, таа често се појавувала на радио и телевизија, гостувајќи во различни ток-шоу емисии, како „Доцна ноќ со Конан О’Брајан“, а беше присутна и на „Еј-би-си“, „Си-ен-ен“, „Е!“ и „Ем-ти-ви“.

Нејзините написи се појавија во познати списанија како „КосмоГрл“, „Харперс базар“, „Мери Клер“ и „Плејбој“.

Денес, оваа неверојатна жена е на универзитетите низ САД, каде што успешно ја едуцира и забавува публиката, пишувајќи искрено за темите за секс, љубов и врски.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Преку своите колумни, Анка делела лични совети за орален секс, поттикнувајќи отворен разговор за интимни теми. Нејзиното хумористично откривање на нејзините гениталии како „парче влакнесто печено говедско месо“ е пример за нејзиниот уникатен стил на пишување.

Таа, исто така, тврди дека е малку збунета од вревата што ја предизвикаа нејзините стихови и често добиваше коментари дека и „камионџиите би се срамеле од нејзиниот речник“.

Поединци ѝ наметнувале дека треба да се срами поради текстовите што ги објавува во јавноста. Ја прашале дали нејзините родители се срамат од неа бидејќи таа отворено пишува за овие работи. Начинот на кој го формулираат прашањето покажува дека се срамат од тоа.

„Никогаш не се плашев да пишувам или да зборувам за сексот. Повеќето луѓе се срамуваат поради тоа. Зборувам за моите љубовни состаноци, мојот сексуален живот и искуство, за она што ми се случило. Не знаев дека тоа ќе ги допре луѓето толку многу“, рекла Анка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот