ФОТО | Анѓелка Прпиќ е бремена? Актерката објави фотографии со труднички стомак
Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ, поранешна Прпиќ, објави фотографии со труднички стомак на Инстаграм, поради што сите нејзини следбеници помислија дека повторно е бремена.
Препорачано
Анѓелка (40) се породи пред две години и на свет донесе ќерка, на која таа и нејзиниот сопруг Марко Жугиќ ѝ го дадоа Чарна.
Актерката сега објавила фотографии на кои се гледа со труднички стомак во поодмината бременост, а бидејќи не прецизираше ништо во описот на објавата, многумина веднаш помислија дека очекува второ дете со својот партнер Марко Жугиќ.
„2“, напишала кратко Анѓелка Стевиќ Жугиќ и додала емотикон со жолто пиле.
View this post on Instagram
Под објавата почнале да се нижат честитки.
„Честитки, прекрасни луѓе“, „Прекрасно! Нека е со среќа!!!“, „На здравје“, се ределе коментарите под објавата.
Сепак, бидејќи веста за раѓањето на нејзината ќерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ стигна до јавноста пред две години на 29 мај, а актерката неколку дена криеше од јавноста дека се породила, можно е таа само да евоцирала спомени од својата бременост и дека само го славела вториот роденден на својата ќерка Чарна.
ВИДЕО | Ја шокираше публиката: Сопругот на Анѓелка Прпиќ се качи на сцената и сочно ја бакна во уста
ВИДЕО | Ја шокираше публиката: Сопругот на Анѓелка Прпиќ се качи на сцената и сочно ја бакна во уста


