ФОТО | Ана Николиќ во Центарот за социјална работа: Жестока битка за старателство, со кого е малата Тара по семејната драма?

Фото: Printskrin/Paparaco lov

Семејната драма околу старателството над ќерката Тара продолжува помеѓу поранешните сопружници Ана Николиќ и Раста.

Српската пејачка Ана Николиќ неодамна на својот профил на Инстаграм ја обелодени преписката со нејзиниот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, а во една од пораките тој ѝ порачал дека нивната ќерка Тара ќе ја гледа само во Центарот за социјална работа.

„Детето можеш да го видиш следниот пат во Центарот за социјално“, ѝ порачал Раста на поранешната сопруга во една порака.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Меѓутоа, Ана тогаш изјави дека таа го има старателството над детето и дека нема никој да дозволи да ѝ го одземе тоа право.

Таа неколкупати зборуваше за семејната драма, а сега екипата на „Папарацо лов“ снимила еден ден на Раста и Ана и прикажала што се случува во нивните животи откако почнаа нова „војна“.

Фото: Принтскрин/Paparaco lov

Имено, како што може да се види на видеото, ќерката Тара била со мајка си во станот, а потоа возачот на Раста дошол да ја земе и ја однел кај татко ѝ.

Потоа, Ана средена излегла од дома и се упатила кон Центарот за социјална работа на Вождовац. Како што може да се претпостави, таа и Раста очигледно покренале постапка во која е вклучен Центарот за да се најде најдоброто решение за детето.

Фото: Принтскрин/Paparaco lov

По посетата на оваа установа, Ана продолжила да ги извршува секојдневните обврски, па отишла во менувачница, банка, а попатно извршила неколку набавки за куќата.

За тоа време, Тара била во станот на Раста и заедно отишле на неколку локации, меѓу кои и во студиото на раперот, а потоа отишле на ручек со неговата мајка и девојката.

Фото: Printskrin/Paparaco lov

Ана Николиќ ужива во луксузниот одмор, додека Раста е во затвор! (ФОТО)

ФОТО | Раста си купи гробно место и надгробен споменик со неговото презиме

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот