ФОТО | Раста си купи гробно место и надгробен споменик со неговото презиме
Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста ја шокираше јавноста со својата најнова објава на социјалните мрежи. Познатиот хип-хоп пејач, композитор и продуцент објави видео од надгробен споменик со неговото презиме откривајќи им на своите следбеници дека си купил гробно место.
View this post on Instagram
„Раста ни гроб не изнајмува“, гласеше шокантниот опис на видеото.
Како што може да се види на споменикот, презимето Ѓуриќ е веќе врежано, додека местото за фотографијата и датумите на раѓање и смрт се празни.
View this post on Instagram
Познатиот рапер пред две години беше осуден на 12 месеци домашен притвор поради нелегално поседување дрога. Времето поминато во домашен притвор, раперот го искористи за да подготви нови песни кои ги промовираше веднаш штом ќе излезе на слобода.
@.stefanrasta 🙏#foryoupage #stefanrasta #fyp ♬ dva prsta – baalkan.speed
Да потсетиме, претходно раперот помина четири месеци во затвор.
View this post on Instagram
По тримесечна истрага на Вишото јавно обвинителство поради сомнение дека сторил тешко кривично дело – трговија со дрога, кон крајот на минатата година во судот беше поднесен обвинителен акт за недозволено поседување дрога, но набрзо беше склучена и спогодба за признавање вина.
View this post on Instagram
На рочиштето во обвинителството по апсењето, Раста се бранеше дека пронајдениот сканк го користел за своја употреба, но тогаш обвинителството не му поверува. Раперот беше во турбулентен брак со познатата српска пејачка Ана Николиќ. Ана и Стефан се родители на петгодишната Тара.