Раста на сослушувањето кажал се: Дрогата ја чував во машината за перење облека, јас сум уметник и долго време ја користам!

Еспресо.рс/Зорана Јевтиќ

Познатиот српски рапер Раста е уапсен во петокот на 2. Октомври во Белград, а наводно на сослушувањето кажал како ја набавувал и каде ја чувал марихуаната, која за време на апсењето, но и претресот во станот била пронајдена.

Кај него било пронајдено 600 грама сканк, кој раперот планирал да ја користи лично за себе и дека ја криел во машина за перење и неговата долна облека.

– Точно е дека кај мене е пронајдено опојна дрога, но не е точно дека сум ја чувал поради продажба. Дрогата ми беше исклучиво за лична употреба. Јас сум уметник и веќе долго користам марихуана, а исто така сум и нејзин промотор и сметам дека треба да се користи како лек – изјавил раперот.

Фото: Интаграм

– Никогаш претходно во мене не сум поседувал толку голема количина марухуана, но едноставно ми се пружи прилика да ја набавам оваа количина, а поради ситуацијата со коронавирусот сакав да се обезбедам. Никогаш не сум се занимавал со продажба на марихуана, ниту било која дрога. Исто така, никогаш не сум користел некоја друга врста на дрога – рекол Раста.

Се наведува дека раперот соработувал со полицијата, како и дека во неговата изјава кажал дека не е зависник од марихуана.

– Ги одведов во станот каде најчесто сум и им покажав каде се наоѓа дрогата. Марихуаната се наоѓаше во тоалетот, односно во машината за перење алишта. Со неа се снабдив на почетокот од септември и има некаде околу 700-800 грама. На никој не му давав да ја користи. Поради своја безбедност и безбедност на семејството, не сакам да кажам од кого ја купив дрогата. Не се сеќавам точно колку ја платив, но беше некаде околу 2.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот