ФОТО | Александра Амбросио е вистинска божица: Не се одрекувам од омилената храна

Александра Амбросио/Инстаграм
Александра Амбросио/Инстаграм

Моделите на „Викторијас Сикрет“ познати се по тоа што следат строги режими на исхрана и имаат напорни тренинзи да да останат витки и во топ форма за годишните ревии. Манекенката Александра Амбросио е една од најпознатите „ангели“ која блеска меѓу своите познати колешки.

Таа пред некое време на инстаграм објави видео во кое изгледа речиси совршено, а на неколку фотографии кои ги сподели, апсолутно „владее“ и изгледа како божица.

Мноштвото коментари за изгледот беа позитивни и бодречки, особено земајќи го предвид фактот дека Амбросио е мајка на две деца.

За да одржи ваква беспрекорна линија, мора да постои некаква тајна. Но, Александра отворено раскажа што прави (или не прави) за да се одржи во топ форма.

Таа изјави дека кога почнува да држи диети, никогаш не успева да ги истера до крај.

„Ако ми се посака парче чоколада, или пијалок додека сум со другарките излезена навечер, ќе си го дозволам тоа. Односно, пијам чаша црвено вино со вечерата секој втор ден, а со утринскиот чај со ќерка ми Ања јадеме и мафини. Мојот син Ноа знае да го изеде шлагот одозгора, а колачот си го јадам јас“ – искрена е моделката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот