Формула 1: Макс Ферстапен до пол позиција во Јапонија

фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Холандскиот возач Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за Големата награда на Јапонија во Формула 1, откако беше најбрз денеска на квалификациите на патеката Сузука.

Актуелниот шампион и лидер оваа сезона покажа дека лошиот резултат на „Ред Бул“ во Сингапур е надминат и стигна до првата позиција со најбрз круг (1:28.877).

Зад него се пласираа возачите на „Мекларен“, Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Четвртото место го освои Шарл Леклер („Ферари“), зад него следуваат Серхио Перез („Ред Бул“), Карлос Саинц јуниор („Ферари“), Луис Хамилтон („Мерцедес“) и Џорџ Расел („Мерцедес“).

Трката во Јапонија ќе се вози во недела во 07.00 часот наутро по македонско време.

На три трки до крајот на сезоната во генералниот пласман кај возачите води Ферстапен со 374 поени, пред Перез со 223, а на третата позиција е Хамилтон со 180.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот