Формула 1: Ландо Норис победник на трката за ГН Холандија
Ландо Норис, возачот на Мекларен денеска триумфираше во Зандворт за Големата награда на Холандија во рамките од Формула 1 шампионатот.
Препорачано
Норис на 15 трка од овогодинешниот Ф1 шампионат ја прослави втората победа, а го имаше и најбрзиот круг, во последниот 44-ти на тврди гуми.
Норис ја имаше пол-позицијата, но ја загуби по одличниот старт на Верстапен во Ред Бул. Тоа беше шести пол за Норис и секој пат губеше позиција на стартот, но за прв пат успеа да победи во трка по пол позиција. Норис нападна и од 18 круг ја искористи предноста која само ја зголеми.
Трет беше Шарл Леклер во Ферари, негов трет подиум сезонава, благодарение на лошата стратегија на вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, кој доцна влезе во бокс за да ги смени гумите, додека Леклер го направи тоа прв.
Кај возачите првопласиран е Верстапен со 295 поени, пред Норис со 225, а трет е Леклер со 192. Кај конструкторите моментно на првата позиција е Ред Бул Рејсинг со 434 поени, пред Мекларен (404) и Ферари (370).
Следната трка во Формула 1 е веќе во недела за Големата награда на Италија во Монца.


