Формула 1: Карлос Саинц е победник на трката во Австралија

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц утрово победи на третата сезонска трка во шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Австралија на патеката во Мелбурн. Во Мелбурн Саинц ја оствари првата победа сезонава, а трета во кариерата. Тој постигна време од еден час, 20 минути и 26.843 секунди.

Шпанецот ја пропушти трката за Големата награда на Саудиска Арабија пред две недели, бидејќи на 8 март имаше операција на слепо црево. Доби лекарска дозвола за учество во Австралија, а потоа успеа да триумфира во Мелбурн.

Второто место го зазеде неговиот тимски колега Шарл Леклер, кој заостана 2.366 секунди зад победникот. Леклер освои и дополнителен поен за најбрз круг на трката. Третата позиција му припадна на возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој заостана 5,904 секунди зад Саинц. Четвртото место го освои возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, додека петти беше Серхио Перез од Ред Бул.

Бодови освоија и возачите на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, Јуки Цунода од тимот на РБ, како и возачите на Хас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.

Трикратниот светски шампион и возач на Ред Бул, Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, мораше да се откаже откако во третиот круг му се запалија сопирачките. Ова беше прво откажување на Верстапен по две години и трката за Големата награда на Австралија.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, не ја заврши трката поради дефект на моторот во 15 круг. Неговиот тимски колега Џорџ Расел се откажа во 56 круг откако удри во ѕид. Верстапен го држи првото место во генералниот пласман кај возачите со 51 бод, додека Леклер е втор со 47. Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 7 април за Големата награда на Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот