Формирана регионална лига во бокс, Вардар претставник од Македонија

фото: БФМ

Тоа што беше најавено минатиот месец, денеска доби реализација, се формира регионална лига во бокс.  На средбата која се одржа во Сараево, БиХ и на која присустувуваа претседателите на боксерските федерации на Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија, е формирана регионалната лига во чие прво издание ќе учествуваат осум клубови.

Македонија ќе ја претставува БК Вардар, кој се наоѓа во група Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора). Во групата Б се наоѓаат Црвена звезда (Србија), Марибор (Словенија), Хрватски витези (Хрватска) и Радник (БиХ).

– Јас сум голем оптимист околу целиот проект. Мислам дека ќе успееме, имаме соработка која претходно не постоеше меѓу претседателите на Боксерските федерации од поранешните Екс-Ју републики. Имаме потешкотии ние во Македонија но со помош на Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, се надевам дека ова ќе донесе успех на сите нас. Особено за нас кои малку потонавме во последните неколку години. Се надеваме дека наскоро ова ќе донесе позитивен резултат. Оваа лига не може да не донесе успех. Боксот порано имаше успеси, тогаш овој за овој спорт имаше интерес, ние сме мала држава но имаше услови со кои тие станаа шампиони. Ние се надеваме дека ќе биде добро, не знам дали ќе се појави нов Аце Русевски или Реџеп Реџеповски, но очекуваме позитивен ефект – изјави претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски.

Во првото коло кое ќе се одржи кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.

Група А
Вардар-Лозница
Железничар – Црногорски Соколи

Група Б
Црвена Звезда-Марибор
Хрватски Витези – Радник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот