Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Флик се пожали на судењето по поразот од Жирона: „Сите видовте што се случи“

Фудбалерите на Барселона загубија од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24. коло од Ла Лига. По натпреварот, тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше критики за судиите.

– Сите видовте што се случи со вториот гол на Жирона. Дали видовте? Дали беше фаул или не? Дали беше? Ви благодарам, не треба повеќе да зборуваме за тоа. Не сакам да барам изговори. Судиите се на исто ниво како и ние. Значи, не на многу високо ниво – рече Флик.

Можете да ја погледнете ситуацијата за која зборува Флик од 11:36 мин. на видео записот:

Барселона не успеа да се врати на првото место.

– Не сме во добар момент ниту во добро расположение. Сè уште имаме долг пат пред нас и борба за првото место. Не завршивме добра работа и мора да се подобриме. Не се покажавме најдобро, особено во средината, и направивме многу грешки. Му дадов на тимот два дена одмор, а потоа очекувам да се вратат некои играчи. Тоа се Педри и Рашфорд, а можеби и Гави. Имаме нова ситуација и сакаме да се вратиме во добра форма – вели тренерот на Барселона.

Ова беше голем кикс за тимот на Ханси Флик кој не успеа да се врати на првото место во Ла Лига. Тие сега се два бода зад лидерот Реал, кој повторно е на врвот по победата против Реал Сосиедад.

ВИДЕО: Жирона ја шокираше Барселона, Реал Мадрид остана лидер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот