ФК Тетекс: Време е клубовите да бидат тие кои ќе одлучуваат во фудбалот!

Фото: ffm.mk

Уште повеќе се крева гласот на фудбалските клубови во овој период, после ФК Шкендија, денеска се огласи и Фудбалскиот клуб Тетекс.

ФК Тетекс ја информира јавноста дека нема да учествува на Собранието на ОФС Тетово на 18 февруари, ниту на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија на 14 март 2021 година.

Овој клуб нема ништо против никого во овие две фудбалски организации, но смета дека време е клубовите да бидат тие кои ќе одлучуваат во фудбалот.

Во продолжение целосното соопштение на ФК Тетекс до јавноста:

– Почитувани,

Сакаме да ја информираме целокупната јавност дека ФК Тетекс 1953 нема да учествува на Собранието на ОФС Тетово на 18.02.2021, а со тоа ниту на Собранието на ФФМ на 14.03.2021 година. Немаме ништо против никого во овие две фудбалски организации, но време е клубовите да бидат тие кои ќе одлучуваат во фудбалот. ФК Тетекс 1953 нема да поддржат изборен процес според Статут кој е спротивен на Законот за спорт, без разлика кои ќе бидат кандидатите и кој ќе биде избран за Претседател и други тела на овие две фудбалски организации.

Според овој модел клубовите и оние кои инвестираат големи суми на пари во фудбалот се ставени во втор план и немаат можност да одлучуваат кој да го води фудбалот во Македонија. Предлагаме изборот на нов Претседател и органи на ОФС Тетово и ФФМ да се случи после усогласувањето на Статутот со Законот за спорт, како и комплетна реорганизација на Општинските фудбалски сојузи. Со ваква поставеност клубовите од 1 и 2 лига, каде се вложуваат најголеми средства се ставаат во позиција да бидат надгласувани од фудбалси анонимуси, а ОФС да предлага нефудбалски луѓе во органите и телата на ФФМ. Во овој момент ни се случува клубови кои вложуваат средства кои се изразени со 6 и 7 цифри во Евра, да бидат надгласувани од анонимуси и од фантом клубови кои се формираат само за да имаат претставник во Собранието на ОФС.

Откако ќе се случи усогласувањето со Законот за спорт кое треба да се случи веднаш, да се организираат Собранија на ОФС и ФФМ и да се изберат Претседатели според Законот за спорт, а ФК Тетекс 1953 ќе го поддржи нивниот избор без оглед за кого ќе станува збор –

Со почит, ФК Тетекс 1953 – Тетово

Шкендија контра ФФМ: Нема да ги признае Собранијата во ОФС Тетово и во Федерацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот