Шкендија контра ФФМ: Нема да ги признае Собранијата во ОФС Тетово и во Федерацијата

фото: ФК Шкендија

Шкендија го крена гласот против Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија како и против изборот на општинскиот фудбалски сојуз Тетово кој е закажан за 18. февруари.

Шкендија нема да ја признае валидноста на Изборното собрани на ОФС Тетово, тие се револтирани бидејќи како клуб кој вложува најмногу во фудбалот имаат само тројца делегати во ОФС Тетово, ист број како и екипи кои играат во ниските лиги и поради тоа нема да го признаат изборот на 18. февруари, а бараат и да се одложи Изборното собрание на ФФМ.
Тетовските „црвено-црни“ апелираат Агенцијата за млади и спорт која исто така нема намера да ги признае резултатите од собранието, да седне на маса со ФФМ и да се договорат истото да се одложи за идната година.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ШКЕНДИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Земајќи ги во предвид најновите случувања во врска со изборните собранија како на локално ниво во Општинскиот фудбалски сојуз – Тетово), така и на централно ниво – Фудбалска федерација на Македонија, ФК Шкендија објавува дека воопшто нема да учествува во овој процес во формата во која веќе е започната и продолжува, и со тоа нема да ја прифати валидноста на овие избори организирани во недемократски и дискредитациски формат за фудбалот, за следните четири години од мандатот на овие избори.

На 18.02.2021 година, одреден е датумот на Изборното собрание за избор на претседател на Општински фудбалски сојуз – Тетово и други релевантни тела. Тековниот статут за дискредитација предвидува само тројца делегати од ФК Шкендија во ОФС-Тетово (колку што имаат некои клубови од пониските редови на Тетово), од вкупно 35-40 делегати што ќе го сочинуваат ова Собрание. Наша проценка е дека овој статут, во сегашната форма што се користи за овие избори, не овозможува соодветно претставување на ФК Шкендија, но исто така и на другите клубови и инвеститори во Тетово според пропорцијата наспроти придонесот што тие го даваат за локалниот фудбал. Покрај тоа, користејќи го сегашниот статус, значителен дел од делегатите со право на глас во ОФС веќе се предодредени да бидат фиктивни физички лица или субјекти со многу помал придонес во тетовскиот фудбал, кои го сочинуваат мнозинството, а е во дисбаланс против заслужните клубови со мал број делегати според Статутот.

Исто така ги следиме случувањата и за Изборното собрание во Фудбалската федерација на Македонија кое е најавено дека ќе се одржи на 14. март. Покрај ова, сметаме дека сегашниот застарен статут на ФФМ се користи за оваа недемократска, дискредитативна изборна организација. Нерамнотежата на соодветна изборна застапеност на општинско ниво низ целата држава, од овие општински избори ги одредува делегатите кои избираат Управен одбор, претседателство и други важни тела на ФФМ. Овој статут и изборен процес овозможуваат и штитат застарен систем од ОФС до ФФМ, каде што правото да се застапува со апсолутно мнозинство во коалиции и донесување одлуки на повисоки нивоа на фудбалска организација во ФФМ им се дава на физички и на други субјекти измислени од минатото, кои не нудат ништо за локалниот фудбал, додека инвеститорите, клубовите и спортистите со значителни заслуги се целосно игнорирани. Нашата проценка е дека целиот овој процес нема да овозможи право на достојно претставување на ФК Шкендија (но и на други заслужни клубови од земјата), во најважните нивоа на фудбалска организација во ФФМ, што е долго време во практиките од минатото, на штета на развојот на фудбалот.

Како резултат на овие неправилности, ФК Шкендија, објавува дека нема да назначи никакви делегати за организација на Изборното собрание на ОФС-Тетово на 18.февруари, и за Изборното собрание на ФФМ на 14.март, а со тоа ниту не ја прифаќаат валидноста на овие избори во формат во кој продолжуваат да се организираат до финализирање, заобиколувајќи ја ФК Шкендија.

Правото на главните клубови и инвеститори во фудбалот да бидат со вистинската пропорција застапени во организацијата на фудбалот, како кодекс на работа, е овозможено и постојано ажурирано во последните години во другите земји во регионот, а да не ги спомнуваме и земјите од Западна Европа каде што се утврдени вистинските пропорции подолго време од овој аспект, што им овозможува на клубовите право на говор и донесување одлуки според нивната тежина во фудбалот (Прва лига, Втора лига и сл.).

Ние веруваме дека страните вклучени во досегашните дискусии за овие избори (ФФМ и Агенцијата за млади и спорт) имаат време да го пронајдат вистинскиот компромис за оваа календарска година, согласно приоритетите, а тоа е:
1. Учество на репрезентацијата на Европското првенство во јуни 2021 година и потоа,
2. Нови избори во ОФС и ФФМ, по прилагодувањето на Статутот што ќе ја одреди соодветната застапеност.
На крајот на краиштата, најдобриот компромис е да се одложат изборите во ФФМ за почетокот на 2022 година, отколку да се дозволат уште 4 години организирање фудбал во застарена форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот