ФК Шкупи ќе игра со црни дресови во знак на почит кон жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

фото: kfshkupi.com

Катастрофалниот земјотрес однесе преку 41.000 животи во Турција и Сирија, а во знак на почит кон настраданите, македонскиот фудбалски шампион се одлучи во пролетниот дел од сезоната да игра во посебни дресови.

Шкупи до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе настапува во црни дресови во чест на жртвите од Турција и Сирија.

Турскиот сопственик на клубот од Чаир, Олгун Ајдин им се заблагодари на сите оние кои уште еднаш потсетија на важноста на хуманоста во овие тешки денови на Турција и на сите народи кои дадоа помош.

Претстојниот викенд ќе продолжи Првата македонска фудбалска лига, чаирчани в недела од 14.00 часот ги очекува дуел против Шкендија.

Моментно играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски се на второто место на табелата со 34 бодови, три помалку од водечката екипа на Струга Трим Лум.

фото: kfshkupi.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот