ФК Работнички: Скандал во Кратово, исклучени камери, нерегуларен гол..! (ФОТО)

Фото: fkrabotnicki.com

Денеска во новото коло од Првата македонска фудбалска лига составот на Работнички загуби во Кратово од екипата на Силекс со резултат 4:3.

После завршувањето на натпреварот ФК Работнички чувствуваше потреба да ги изнесе видувањата, за клубот скандалозни случувања на овој првенствен натпревар. Како што самите оценуваат, направен е скандал во Кратово, нерегуларен седми гол, исклучени камери и криминално судење на мечот.

ФК Работнички е драстично оштетен на натпреварот против Силекс во Кратово (4:3). Клубот реагира на нерегуларно постигнатиот победнички гол на домашниот тим. При акцијата на голот што го постигна Бурхан Мустафов, топката претходно е излезена во гол – аут, од каде еден фудбалер на Силекс со глава ја враќа во игра и потоа Мустафов постигнува нерегуларен погодок.

Скандалот е уште поголем ако се знае дека последните две минути од мечот, нема интернет пренос во живо на веб сајтот на ФФМ, затоа што одеднаш снемало електрична енергија во сегментот каде се поставени телевизиските камери.

ФК Работнички прашува дали ова е свесна режија во која клубот повторно треба да биде драстично оштетен и да го загуби натпреварот?

Фото: fkrabotnicki.com

Како клуб кој вложува големи финансиски средства во натпреварувањето во Првата лига, сакаме да го истакнеме катастрофалното судење на главниот судија Васко Мавров и неговите асистенти.

Четвртиот гол на Силекс, постигнат во 95. минута, е апсолутно нерегуларен затоа што топката е излезена во гол-аут и потоа вратена во поле, а Бурхан Мустафов постигнува гол.

При вториот гол на ФК Силекс во 50. минута, напаѓачот Урош Ѓуриќ игра со рака во петерецот на Работнички, судијата Васко Мавров не реагира, а домашниот тим постигнува гол преку Денис Ристов.

Првиот досуден пенал за ФК Силекс во 28. минута е крајно сомнителен, со оглед дека ниеден фудбалер на ФК Работнички нема старт кон противничкиот фудбалер. Судијата Васко Мавров покажува на белата точка.

На вториот досуден пенал за ФК Силекс, во 78. минута, претходи класичен прекршок над фудбалер на ФК Работнички кој судијата Васко Мавров не го санкционира. Во продолжението на акцијата тој досуди пенал за домашниот тим.

ФК Работнички инсистира овој скандал итно да биде расчистен од Натпреварувачката и од Судиската комисија на ФФМ – информираат од фудбалскиот клуб Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот