ФК Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски предадени на дисциплинска комисија

фото: KF Gostivari

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја разгледа и одлучуваше по жалбата на ФК Вардар за случајот „регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски од ФК Гостивар“.

Откако го доби и разгледа дописот од ФК Гостивар (одговор на жалба) и писмениот допис за случајот од Комисијата за верификација, членовите на Комисијата за натпревари едногласно (со иземање на еден член од комисијата поради судир на интереси) ги донесоа следните одлуки за случајот со регистрацијата на фудбалерот на ФК Гостивар:

– Комисијата за натпревари, натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево го регистрираше со постигнатиот резултат (1:0).

Регистрацијата на фудбалерот Гордијан Христовски за ФК Гостивар објавена во Макфудбал број 3 на 25. јануари 2023, ниту еден клуб не ја обжалил во предвидениот рок од осум дена, поради што на натпреварот ФК Гостивар – ФК Пехчево немало натпреварувачки последици за настапот на фудбалерот.

– Комисијата за натпревари донесе одлука, ФК Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски поради прекршување на член 10 од правилникот за регистрација да се предадат на дисциплинска комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот