Комисијата за натпреварување ќе одлучува за случајот „спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар“

ффм
фото: ffm.mk

И натаму останува под знак прашалник настапот на фудбалерот Гордијан Христовски и неговата регистрација во тимот на ФК Гостивар, кој се појави на натпреварот од Втората македонска лига против Локомотива Пехчево.

ФК Гостивар ја информираше јавноста дека нема ништо спорно и дека сите играчи играат со дозвола од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот „спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар“, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување.

Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана во петок, 24 февруари.

Доколку се докаже дека ФК Гостивар ги прекршил правилата, тогаш нивниот последен натпревар ќе биде регистриран како порази со службен резултат 0:3, но и со одземање на бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот