ФИНАЛЕ, СОСТАВИ: Карачиќ се збогува со Вардар!

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Остана за „црвено-црните“ уште една пречка, кон освојување на нова европска титула. Гарсија Парондо и Давид Дејвис ги објавија составите за денешното финале во Келн.

Кај Вардар и покрај повредата, Игор Карачиќ ќе стисне заби и вечерва ќе се појави на теренот во „Ланксес“ арената, тоа ќе биде и последен меч за Карачиќ во „црвено-црниот“ дрес. Од наредната сезона ќе настапува за полската екипа на Келце.

На спротивната страна, се пријавени Арпад Штербик и Ласло Наѓ, кои вчера исто така предвреме го завршија дуелот со Келце, но Дејвис ќе смета и на нивните услуги.

Вардар: Милосављев, Гедбан, Стоилов, Кристопанс, Поповски, Фереира, Дисингер, Карачиќ, Скубе, Калараш, Чупиќ, Дибиров, Горбок, Шишкарев, Војводиќ, Кисељев.

Веспрем: Благотиншек, Гајиќ, Илиќ, Лекаи, Мачковшек, Мае, Манасков, Маргуч, Миклер, Наѓ, Ненадиќ, Нилсон, Штербик, Штрлек, Терзиќ, Тонесен.

Судиска правда ќе делат Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг од Германија, а денешното финале ќе се емитува со директен пренос на „Арена Спорт 1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот