Филмскиот фестивал во Венеција се уште во план: Помалку филмови, со почитување на физичката дистанца

профимедиа

На овогодишниот Филмски фестивал во Венеција, кој е планирано да биде одржан од 2. до 12. септември, ќе има помалку филмови и на него ќе биде спроведено задолжително одржување на социјална дистанца, соопштија денес организаторите.

Уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, изјави дека фестиавлот, најстариот во светот, нема да биде автохтон или евроцентричен.

Тој истакна дека фестивалот во целост ќе биде меѓународен.

Според неговите зборови, на фестивалот ќе бидат прикажани, американски, кинески и индиски кинематографии.

Што се однесува на Холивуд, тој изјави дека нема да има големи блокбастери.

– Но, ќе има место буквално за сите на овој фестивал, вклучувајќи ги кинеските, индиските и филмовите од Блискиот Исток, изјави Барбера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот