Филипче: Ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус

Венко Филипче / Фото: Слободен печат.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска на новинарско прашање истакна дека и на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус.

-Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести. За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци-потенцираше министерот Филипче.

Денеска, министерот Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот