Џани Инфантино и Доналд Трамп/ EPA/WILL OLIVER

ФИФА во проблем: Нема интерес за еден од натпреварите со најскапи влезници на Мундијалот?

Според пишувањата на „Атлетик“  интересот за натпреварот меѓу САД и Парагвај, закажан за 12 јуни на стадионот во Лос Анџелес, е значително послаб во споредба со другите мечеви на истата локација.

Според интерен документ споделен со организаторите, до 10 април биле продадени 40.934 билети за првиот натпревар на американската репрезентација, додека за дуелот меѓу Иран и Нов Зеланд, кој се игра три дена подоцна, веќе биле продадени над 50.000 влезници.

Главната причина за послабиот интерес, според анализите, се високите цени. При пуштањето во продажба, билетите за мечот САД – Парагвај биле меѓу најскапите на турнирот, со цени од 2730, 1940 и 1120 долари. За разлика од другите натпревари, каде цените растеа поради големата побарувачка, тука тие останале непроменети што е јасен сигнал дека интересот не ги исполнил очекувањата.

„Атлетик“ наведува дека продажбата оди бавно, со само неколку десетици билети дневно, додека илјадници сè уште се достапни на официјалната страница на ФИФА. Интересно е што меѓу ретките натпревари со поголем број непродадени билети се токму отворањата на САД и Канада, што дополнително изненадува со оглед на нивната улога како домаќини.

Иако од ФИФА тврдат дека досега се продадени околу пет милиони билети, признаваат дека дел од нив намерно се задржуваат за продажба непосредно пред стартот на турнирот. Сепак, актуелните бројки покажуваат дека барем засега, спектакуларното отворање на Мундијалот во САД не ја предизвикува очекуваната еуфорија кај навивачите.

Математика за Мундијалот: Што се случува кога репрезентациите ќе имаат ист број на бодови?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот