ФИФА парично ја казни Македонија поради палењето пиротехника на мечот со Италија

Поради палењето пиротехника во победата над Италија ФФМ доби парична казна/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската А репрезентација во март играше плеј-оф натпревари за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

Нашите најдобри фудбалери на 24 март во Палермо приредија огромно изненадување елиминирајќи го актуелниот европски шампион Италија со 0:1.

Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски со прекрасен погодок во самиот финиш од средбата на стадионот „Ренцо Барбера“.

На тој меч од трибините нашата селекција имаше поддршка околу 1500 навивачи.

Во славењето на големиот успех нашите навивачи искористија пиротехника што е спротивно на правилникот на Светската фудбалска куќа (ФИФА).

Фудбалската федерација на Македонија поради палењето пиротехника треба да плати парична казна од скоро 2000 евра.

Фото: Принтскрин/fifa.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот