ФИФА: Клубовите не мораат да ги пуштат играчите во репрезентациите!

твитер

Одлуката падна за да се избегне непотребен ризик од ширење на вирусот, а ФИФА препорача да се одложат сите натпревари закажани за март и април.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го коригира своето правило и им овозможи на клубовите да одбијат да им дозволат на фудбалерите да играат во националните тимови поради пандемијата на коронавирусот.

Коронавирусот секојдневно ги одложува спортските настани ширум светот, а исто така и во фудбалот. Откажани се сите најсилни лиги во светот, а воедно се поставува прашање дали Европското првенство ќе се одржи во периодот од 12 јуни до 12 јули 2020 година..

Одредени репрезентации одлучија да играат пријателски натпревари, но ФИФА би можела да ги спречи одлука дека клубовите имаат право да ги задржат своите играчи заради светската здравствена криза.

Одлуката падна за да се избегне непотребен ризик од ширење на вирусот, а ФИФА препорача да се одложат сите натпревари закажани за март и април.

Да потсетиме дека Македонија првично на 26. март требаше во Скопје да го игра пријателскиот натпревар против Косово во полуфиналето за пласман на ЕП 2020. Следуваше забраната за спортски настани во нашата држава на 30 дена, а што се однесува до споменатиот дуел ФФМ испрати барање до УЕФА истиот да се одложи и со надеж дека ќе се исполни желбата на репрезентативците да го играат овој историски натпревар пред полни трибини на Националната арена „Тодор Проески“.

Доколку евентуално не дојде до одложување, клубовите каде што настапуваат македонските репрезентативци можат да го забранат нивното доаѓање на собирите.

Тоа секако би бил голем удар за нашата селекција, потсетување дека во Италија имаме тројца клучни репрезентативци, Горан Пандев во Џенова, Елиф Елмас во Наполи и Илија Несторовски во Удинезе.

Дали ќе се игра или откаже ЕП, како и какви било информации за продолжување на најсилните светски лиги, како и за плејоф баражите меѓу националните репрезентациите, сето тоа ќе се знае во вторник, 17 март, кога е закажана седница на УЕФА.

Тоа ќе биде „денот Д“ за светскиот фудбал кога ќе се донесе историска одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот