ФФМ и официјално побара одложување на натпреварот Македонија – Косово

Фудбалската федерација на Македонија и официјално го достави дописот до УЕФА во која бара бараж натпреварот во Лигата на Нациите помеѓу Македонија и Косово кој треба да се игра на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, да се одложи.

Во дописот до УЕФА, покрај проблемот со гледачите (забрана од македонската Влада за присуство на публика), ФФМ го потенцира проблемот со пристигнувањето на фудбалерите од репрезентацијата во нашата држава, односно евентуалната изолација/карантин за одредени фудбалери кои би пристигнале од земјите со висок степен на присуство на коронавирусот.

Токму поради овие вонредни причини, Фудбалската федерација на Македонија е во постојана и интензивна комуникација и со Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје и во целост се придржува кон нивните препораки, донесените мерки или забрани.

Исто така, по консултации со претставници на Фудбалските федерации на Грузија и Белорусија, една од двете држави кои беа одредени за домаќини на финалниот натпревар од Лигата на нации на 31. март за пласман на ЕУРО 2020, неофицијалните информации велат дека е можно, репрезентацијата која би обезбедила пласман во финалето, да се соочи со одредени мерки на претпазливост за здравствена заштита при влез во една од државите. И во однос на ова, ФФМ, исто така е во постојан контакт со споменатите федерации и УЕФА.

Согласно последните препораки и забрани од Владата на Македонија за превенција од коронавирусот, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот