Фото: EPA/Noushad Thekkayil

ФИФА го менува правилото за жолтите картони на претстојното Светско првенство

ФИФА е подготвена да ги промени правилата околу суспензиите за акумулирани жолти картони на Светското првенство ова лето, пренесува „Би-би-си спорт“.

Пред Мундијалот, ФИФА планира да воведе ново правило во врска со санкциите за играчи со парни жолти картони во групната фаза.

На состанокот што ќе се одржи во Ванкувер, Канада треба да се усвои предлог за бришење на жолтите картони заработени во групната фаза.

Сегашните правила велат дека фудбалерот добива суспензија по два жолти картони, поради што националните тимови мораа да бидат внимателни околу играчкиот кадар за време на претходните светски првенства, или поточно, да обрнат внимание на минутажата на играчите под закана од суспензија. Евентуална промена на правилата значително би го намалила овој притисок во нокаут фазата на турнирот.

Раководителите на ФИФА сметаат дека воведувањето два термини за бришење на картоните би било пофер решение и би придонело за поголема спортска рамнотежа на натпреварувањето.

Светското фудбалско првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот