Фицо го критикува предлогот на Мерц за Украина: Или некого го примаме во ЕУ, или не го примаме
Фицо оцени и дека приоритетите за проширување треба да бидат насочени кон други земји-кандидатки. Посебно ги посочи Црна Гора, Албанија и Србија како држави кои, според него, треба да бидат примени пред Украина.
Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц Украина да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија како преоден чекор пред полноправно членство, објави „Калибер“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Говорејќи на прес-конференција денеска, Фицо рече дека сè уште не го разгледал писмото на Мерц до Европската комисија, во кое е образложена иницијативата. Сепак, изрази скепса дека предлогот би добил доволна поддршка меѓу земјите членки на ЕУ.
— Или некого го примаме во ЕУ, или не го примаме. Денес во Европската Унија нема атмосфера за такви чекори — рече Фицо.
Тој нагласи дека членството во ЕУ зависи од исполнување строги услови и го опиша пристапниот процес како долг и структуриран.
Фицо оцени и дека приоритетите за проширување треба да бидат насочени кон други земји-кандидатки. Посебно ги посочи Црна Гора, Албанија и Србија како држави кои, според него, треба да бидат примени пред Украина.
— Овие три земји треба што поскоро да бидат примени во Европската Унија — додаде тој.
„Европа се разбуди“: Мерц смета дека ЕУ ја зајакнува својата економска и воена моќ


