ФИБА ги одреди термините за натпреварите со Италија и Естонија

Фото: kfsm.mk

Македонската сениорска репрезентација ја чека квалификацискиот турнир за ЕП 2022 година кој ќе биде реализиран во периодот од 28-30 ноември 2020 година во Талин, Естонија.

А на нешто повеќе од две недели пред официјалниот старт, познати се и термините на одигрување на натпреварите од „Б“ групата во т.н. „балон“ во главниот естонски град.

Првиот меч ќе го имаме на 28 ноември против селекцијата на Италија од 16.00 часот, подоцна од 20.30 часот силите ќе ги одмерат Естонија и Русија.

На вториот натпреварувачки ден од турнирот кој ќе се игра во Арената „Саку Сурхал“, избраниците на селекторот Александар Тодоров ќе играат против домаќинот.

Таа средба е најавена да стартува од 20.30 часот. Неколку часа порано, од 16.00 часот ќе играат репрезентациите на Русија и Италија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ТАЛИН

28. НОЕМВРИ (САБОТА)

16.00: Италија – МАКЕДОНИЈА
20.30. Естонија – Русија

30. НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

16.00: Русија – Италија
20.30: Естонија – МАКЕДОНИЈА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот