ФИБА Евробаскет: Големата историска победа на Македонија против Литванија (ВИДЕО)

фото: EPA/ARMANDO BABANI

За точно два месеци ќе се навршат точно девет години од историската победа на македонската репрезентација против Литванија на Европското првенство кое се одржа во оваа земја на Балтикот.

А таму, во Каунас, за првпат во историјата Македонија се пласираше во полуфиналето на едно континентално натпреварување и за малку не стигна до медал.

ФИБА не заборава на тие историски моменти на македонската репрезентативна кошарка.

Веројатно најдраматичниот за нашата сениорска репрезентација во постоењето, во кој беше реализирана и најголемата победа во историјата на нашата кошарка.

На овој меч тогашниот репрезентативец, Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мекејлеб реализираше 23 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот