ФФМ потврди: Реконструкција на стадионите во Чаир и Охрид!

Од федерацијата исто така најавија дека е склучен договор за реконструкција на стадионите „Чаир“ во Скопје и „Билјанини извори“ во Охрид со соработка со општините, а преку програмата за развој на УЕФА.

– Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, сѐ со цел да обезбедиме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин и искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА – изјави претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по официјализирањето на соработката со општините.

Исто така на седницата на Управниот одбор на ФФМ беше донесен календарот за наредната натпреварувачката сезона 2019/2020.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига е најавено да стартува на 11 септември со натпреварите од првото коло (17:30 часот).

Во рамки на промовирањето на ЕУРО 2020, а по препорака на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија воедно ја поддржа промотивната кампања за Европското првенство 2020 преку „Pro evolution soccer 2020“ новата видео игра на Konami, каде ќе биде вклучена и најдобрата македонска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот