ФФМ: Идејно решение за западната трибина од Градскиот стадион во Штип! (ВИДЕО)
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претставува идејното решение за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Новиот стадион нѐ само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.
Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија предвидено е западната трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Фудбалската федерација на Македонија со средства од „Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а постави и целосно ново рефлекторско осветлување.
Во тек се градежни активности и изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, a после 30 години, Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. ФФМ целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а со кровна конструкција ќе биде покриена јужната трибина.
Во најскоро време, целосно ќе се заврши и ќе биде пуштена во употреба новата трибина на стадионот во Чаир, потоа целосно ќе го заврши и новиот терен на стадионот на ФК Ренова во Џепчиште. Еден од покрупните проекти кој се очекува да се финализира е стадионот „под Тумбе кафе“ во Битола.
ФК Беласица најавува: Струмица ќе добие европски стадион! (ФОТО)


