ФК Беласица најавува: Струмица ќе добие европски стадион! (ФОТО)

фото: facebook/belasicafc/

Како што информираат денеска од фудбалскиот клуб Беласица, Струмица ќе добие еден прекрасен и модерен стадион според сите европски стандарди.

Македонија без сомнение може да се пофали со уште еден фантастичен проект, стадионот „Благој Истатов“ за кој се очекува да биде промовиран пред јавноста.

фото: facebook/belasicafc/

Дефинитивно би треба да го привлече вниманието и на меѓународните фудбалски институции УЕФА и ФИФА која би дозволила да се играат и репрезентативни натпревари, а секако и на клупски план на меѓународната сцена.

Според најавите в петок на 11 септември 2020 година ќе се случи промоцијата на проектот за новиот стадион на ФК Беласица – стадион „Благој Истатов“ – Струмица, проект кој е од огромна магнитуда, проект со кого Струмица ќе добие европски стадион, според сите ФИФА и УЕФА стандарди.

фото: facebook/belasicafc/

Овој проект ќе биде крунисување на 100 годишната традиција на ФК Беласица и отпочнување на уште поуспешна етапа.

Подемот на ФК Беласица во последните 5 години од превземањето на Претседателот Славчо Васков – Пинда е несомнено голем, па со овој проект струмичка Беласица и градскиот стадион ќе бидат ставени на инфраструктурната фудбалската мапа на Балканот како една од најдобрите, гордо носејќи го името на фудбалската голманска икона Благој Истатов.

По тој повод, Претседателот на ФК Беласица Славчо Васков – Пинда ќе одржи прес-конференција во 12:00ч во ресторант Космополит Струмица, каде ќе приложи пообемни детали околу овој проект.

На овој настан поканети се и Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, како и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот