ФФМ: Гласајте за најдобрите во македонскиот фудбал!

И оваа година Фудбалската Федерација на Македонија го организира традиционалниот гала настан, најдобрите во македонскиот фудбал за сезона 2018/19.

Со цел да дадете свој придонес во изборот на најдобрите, можете да гласате на анкетата поставена на официјалниот веб сајт на ФФМ. (ЛИНК)

Номинирани за најдобар фудбалер во МФЛ се Владица Брдаровски (Вардар), Висар Муслиу (Шкендија) и Љупчо Дориев (Академија Пандев).

Потоа, номирани за најдобар тренер во МФЛ се Ќатип Османи (Шкендија), Југослав Тренчовски (Академија Пандев) и Александар Васоски (Вардар).

Вашите гласови ќе бидат клучни и во изворот за најдобар фудбалер во женски фудбал, најдобар фудбалер во футсал, најдобар тренер во младински фудбал и најдобар фудбалер во младински фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот