Фестивалот „Охрид колинг“ презакажан за следната година

Од „Авалон придукција“ соопштија дека фестивалот „Охрид колинг“, кој требаше да се одржи летово, ќе биде одложен за следната година.

Оттаму велат дека иако Комисијата за заразни болести дозволи да се одржуваат музички настани на отворено и тоа со намален капацитет, земајќи ги предвид масовноста на публиката и концептот на фестивалот, тие одлучиле да го одложат.

Се претпоставува дека Фестивалот ќе ги задржи истите учесници што беа најавени за оваа година.

„Периодов интензивно работевме на тоа истите изведувачи да ги префрлиме за следната година, па така, јубилејното издание на ‘Охрид колинг’ ќе трае три дена и ќе се одржи од 30 јули до 1 август 2021 на истата локација, во касарната во Охрид“, велат организаторите.

Прочитајте и...  ВИДЕО+ФОТО: Бодибилдер се ожени со секс кукла – Се запознале во бар, а после 8 месеци „врска“ ја запросил

Поврзани вести

ВИДЕО | Сакаше да ја запроси, па доби удар во глава: Но, погледнете го крајот!

Слободен Печат

ФОТО | Овојпат сопственик на винарија: Ова е новото момче на Северина?

Слободен Печат

Како да се справите со исцрпеноста кога вашето дете едноставно не ви дозволува да се наспиете?

Слободен Печат

Харисон Форд: После мене никој не може да биде Индијана Џонс

Слободен Печат

Народни лекови за парадентозата: Спасете ги своите заби на време!

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 28 ноември: Сите врати ви се отворени, но многу е важно како вие ќе играте

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian