Фернандо Сантош повеќе не е селектор на Португалија

фото: EPA-EFE/MANUEL FERNANDO ARAUJO

Искусниот стратег Фернандо Сантош ја напушти клупата на португалската фудбалска репрезентација, информира италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Португалците беа елиминирани во четвртфиналето на Светското првенство во Катар од селекцијата на Мароко.

Сантош беше селектор на оваа репрезентација од 2014 година, а најголемиот успех го имаше во 2016 кога ја освои титулата на Европското првенство во Франција.

Неговиот договор истекуваше по ЕП во 2024 година, но разделбата се случи речиси две години порано по разговорите со претседателот на Федерацијата, Фернандо Гомеш.

Сантош по мечот со Мароко експлицитно најави дека нема да поднесе оставка.

– Оставка? Оставката не ми е во мојот речник – беа тогаш зборовите на Сантош.

Останува да видиме кој ќе биде новиот селектор на Португалија, а се шпекулира дека тоа би можел да биде сегашниот тренер на Рома, Жозе Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот