Мурињо е новиот селектор на Португалија?

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо/фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Жозе Мурињо е најсериозниот кандидат да стане селектор на Португалија, пишува италијанска „Газета“. Португалецот би можел да ја преземе репрезентацијата на својата земја, но би останал да работи паралелно и во Рома.

Според информациите, Мурињо бил заинтересиран за селекторската функција, но исто така треба најпрво да се прашаат челните луѓе на Рома кои ќе треба да дадат зелено светло, со оглед дека „Специјалниот“ нема да биде целосно фокусиран кон работата во „Вочицата“.

Се верува дека март би можел да биде еден вид пробен период за Мурињо, па потоа да се види како понатаму. Инаку ако не успее со мисијата „Мурињо“, тогаш Португалија ќе се сврти кон селекторот на младинската репрезентација Руи Жорже.

Се очекува деновиве федерацијата на Португалија да се раздели со Фернандо Сантош после испаѓањето во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот