Фернандеш има осум идоли од Манчестер јунајтед
Португалскиот фудбалер кој дојде на „Олд Трафорд“ од редовите на Спортинг Лисабон веќе во февруари беше прогласен за играч на месецот во Премиер лигата.
Бруно Фернандеш уште како помлад се восхитувал на голем број играчи од претходните фудбалски генерации на клубот од „Олд Трафорд“.
Препорачано
Португалскиот фудбалер дојде во Манчестерј јунајтед од Спортинг Лисабон и до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот во Премиер лигата запиша два голови во пет натпревари.
Fernandes vows to follow in footsteps of eight Man Utd idols https://t.co/XDpzoXkClf
— FBI Trader Media (@MediaFbi) April 9, 2020
Веќе во февруари годинава беше прогласен за фудбалер на месецот во најсилната англиска фудбалска лига.
Воедно фудбалерот на Јунајтед ги сподели и играчите кои го инспирираа да го облече дресот на „црвените ѓаволи”.
– Да се биде во дресот на Манчестер јунајтед е сон за мене како дете, еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Само треба да ги видите имињата кои настапуваа во оваа екипа, Не станува збор само за Кристијано Роналдо, туку и за играчи како Сколс, Руни, Гигс, Кин, Кантона, ван Нистелрој и мојот сонародник Нани – рече Фернандеш.


