Фенербахче го елиминираше Феенорд и ќе игра во плеј-офот на Лигата на шампионите
Денеска во реванш натпреварот од третото квалифиакциско коло во Лигата на шампионите фудбалерите на Фенербахче на домашен терен со 5:2 го совладаа Феенорд.
Препорачано
На првиот меч во Холандија тимот на Феенорд триумфираше со 2:1, но турскиот гигант направи целосен пресврт на дуелот во Истанбул.
Иако Холанѓаните поведоа во 41 минута преку Ватанабе, следуваше гол-шоу на Турците кој го почна Браун во 44 минута.
За 2:1 се погрижи Дуран непосредно пред паузата (45+2`), потоа Фред во 55 минута стрелаше за 4:1, а во 83 минута во листата на стрелците се запиша и Ен Несири за 4:1.
Гостите постигнаа уште еден гол повторно преку Ватанабе во 89 минута, а конечниот епилог го постави Талиска во самиот финиш од мечот (90+5`).
Откако на првиот дуел заврши без голови, на реваншот данскиот ФК Копенхаген со 5:0 го декласираше Малме од Шведска. Кипарскиот Пафос по вторпат беше подобар од украинскиот Динамо Киев овојпат со 2:0 за пласман во плеј-офот на ЛШ.
Чешкиот Плзен иако славеше дома со 2:1, во следната фаза од елитното европско клупско натпреварување оди шкотскиот Ренџерс кој во првите 90 минута оствари победа од 3:0. Клуб Бриж од Белгија исто така е во плејофот на ЛШ откако и дома со 3:2 дојде до победа и со вкупни 4:2 го елиминираше австрискиот Салцбург.


