Федерацијата обезбеди средства за чартер лет на кошаркарите до Перм

Фото: kfsm.mk

Нашата најдобра селекција ќе има и максимални услови за февруарскиот квалификациски циклус кој предвидува учество на вториот „балон“ од квалификациите за пласмaн на Евробаскетот 2022 година, кој ќе биде реализиран во перидот од 18 до 22 февруари во далечниот Перм.

– Нашиот најдобар сениорски тим заслужува и најдобри услови за функционирaње. Со оглед на тоа дека пред момците и стручниот штаб е оној најзначаен дел од квалификациите, ние како федерација се потрудивме и обезбедивме сè што е потребно за тоа.

Вклучително и чартер-лет до Русија, каде во наредниот месец нè чекаат четири квалификациски натпревари. Сè со една цел, нашиот најдобар тим да биде што е можно подобро подготвен за предизвиците, и сите заедно да се обидеме да дојдеме до пласман на Евробаскетот.

И во оваа прилика, сакам да ја потенцирам нашата извонредна соработка која ја имаме со Агенцијата за млади и спорт, и директорот Наумче Мојсоски, кои ги следат нашите меѓународни активности – вели претседателот на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ.

Согласно со плановите на стручниот штаб, „црвено-жолтите“ ќе полетаат за Перм на 15 февруари во претпладневните часови. А враќањето од Русија е предвидено за 23 февруари.

„Мисија Перм“: Подготовките на сениорите ќе стартуваат на 10 февруари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот