француски тост
Француски тост / Фото: Profimedia

Фантастичен француски тост со Нутела готов за 10 минути

Француски тост или пржени лепчиња е рецепт кој се подготвува уште од антички Рим. Парчиња леб се потопувале во млеко – а понекогаш и во јајца и се пржеле. Денес, францускиот тост е омилен во целиот свет, а се служи со овошје, чоколадо или во солени варијанти со шунка и сирење.

Најважно во подготовката е изборот на вистинскиот леб, оној кој е стар барем ден-два ќе биде најдобриот избор. Исто така, парчињата не треба да бидат премногу тенки. Идеалното парче е дебело од 2 до 2,5 см. Покрај тост или обичен леб, можете да користите и бриош. Француски тост со Нутела е она што ви треба!

Потребни состојки:

– 4 парчиња леб
– 4 лажици Нутела
– 1 јајце
– 1/2 чаша полномасно млеко
– 1 лажица шеќер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1 лажица путер
– шеќер во прав

– банана

Подготовка:

Парчињата леб премачкајте ги со Нутела, додадете банани и направете сендвичи. Во плиток сад изматете ги јајцето, млекото, шеќерот и екстрактот од ванила за добро да се соединат. Секој сендвич потопете го во јајца од двете страни. Загрејте големо тавче на средно-силен оган. Ставете малку масло и додадете путер. Кога путерот ќе се стопи, додадете го лебот и пржете од секоја страна додека не порумени (околу 1-2 минути по страна). Наросете шеќер во прав и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот