Еврото пристигнува во 2026 година во Бугарија, дали се очекува драстично поскапување?

Бугарија официјално ќе го воведе еврото на 1 јануари 2026 година, но граѓаните се поделени околу тоа дали тоа е добро за нив или не. Репортерите на Politico разговараа со бугарските граѓани за нивните стравови и надежи додека се збогуваат со националната валута, левот. Антон Теофилов, 73, продавач од Перник, вели дека го поддржува овој потег бидејќи ги олеснува плаќањата и патувањето во рамките на ЕУ.

– Заедничката валута е добра за економијата и за луѓето. Нема повеќе менување пари кога одите во Грција или каде било на друго место. Сè што е потребно е подобра едукација на луѓето и политичарите за промените – вели Антон.

Петја Спасова, 55, ортопед од Софија, од друга страна, изразува загриженост.

– Загрижена сум за моментот кога ќе влеземе во Еврозоната. Политиката и економијата се нестабилни, а ќе ги делиме долговите на целиот континент. Основните цени веќе растат, а граѓаните со пониски приходи ќе бидат најмногу погодени. Се плашам дека повторно ќе доживееме криза како во деведесеттите – вели Спасова.

Светослав Бонински, 53, возач од Габрово:

– Не сакам Бугарија да го следи патот на Грција или Хрватска, каде што цените и инфлацијата се зголемија. Сè уште функционираме добро со левовите. Владата мора да ја подготви земјата пред да го воведе еврото, а во моментов не е подготвена.

Натали Илиева, 20, студентка од Перник, го гледа овој момент како чекор напред.

– Тоа ќе ни ги олесни патувањата и трговијата. Проблемот може да биде почетниот период на прилагодување, но левотот е веќе врзан за еврото, така што нема да има никакви драматични промени. Државата треба да ги следи цените и да спречува злоупотреби.

Бугарија влегува во Еврозоната со различни чувства и ставови на граѓаните во оваа пригода. Додека некои гледаат можност за економска стабилност и подобра поврзаност со Европа, други се плашат од инфлација, зголемување на трошоците за живот и губење на контролата врз националната економија – пишува Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот