Европските стартапи со рекордни финансирања во 2019 година

Европските стартапи собраа рекордно финансирање од почетокот на годината. Вкупно 34,3 милијарди долари за ризичен капитал се влеаа во развојниот технолошки сектор на „Стариот континент“ за тој период, пренесува „CNBC“.

Ова го покажува извештајот на лондонската компанија за ризичен капитал „Atomico“, која тврди дека постигната огромна сума е благодарение на рекордниот број мега-кругови – 100 милиони долари инвестиции и повеќе, што претставува околу 40% од трансакциите.

– Способноста на водечките компании во Европа да привлечат кругови на мега финансирања е една од клучните промени што ги гледаме во однос на вложениот капитал во европската технологија – рече Том Вимајар, партнер во „Atomico“.

Во 2018 година беа инвестирани вкупно 24,6 милијарди долари во технолошката индустрија во регионот, а минатата година овој сектор привлече 22,6 милијарди долари, според податоците собрани од „Dealroom“ за „Atomico“.

Оваа година, видовме голем број на зделки помеѓу хеџ-фондовите и стартапите на континентот. Во мај, британската апликација за нарачки на храна „Deliveroo“ собра 575 милиони долари во кругот предводен од „Amazon“. Од друга страна, технолошката компанија „Babylon“ заработи 550 милиони долари, која беше поддржана од саудискиот државен фонд во август.

Сепак, студијата откри и проблеми со родовата еднаквост во технолошката индустрија. „Atomico“, која спроведе анкета на 1.200 основачи на компании, тврди дека 92% од средствата вложени во европски стартапи отидоа на компании само за мажи. Овој индикатор не е променет од минатата година и покажува дека ништо не се сменило кога станува збор за жените претприемачи во технологијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот