Европската титула му се насмевнува на „Летечкиот“ Македонец Игор Стефановски

фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки одржана во Словенија триумфираше македонскиот автомобилист Игор Стефановски.

„Летечкиот“ Македонец Иџе на првата трка беше првопласиран и постави нов рекорд. Нашиот Стефановски во својата група „3“ (Категорија 1) имаше време од 2:29.697.

На втората позиција се најде Милован Весниќ од Србија (2:32.034), пред Анже Довјак од Словенија (2:34.376).

Истиот редослед беше и по завршувањето на втората трка на која славеше Македонецот со време 2:30.170, пред Весниќ (2:21.275) и Довјак (2:32.329).

Резултатите од двете трки на ГХД Петрол Илирска Бистрица (Словенија) можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

– Победа, сè поблиску до Европската титула – се огласи Стефановски на социјалните мрежи.

Последниот викенд каде се очекува Иџе да ја прослави европската титула ќе биде во Хрватска, Бузетски дани“, во периодот од 15 до 17 септември 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот